Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМА

Пролет среде зима: Температури и до 20 степени, детална прогноза за времето

Продолжува периодот на стабилно и потопло време, а особено топло ќе биде за време на викендот кога дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината. Во понеделник во западните делови ќе има преодно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд.

Прогноза за 18.02.2023
Минимална температура: -5°C до 1°C
Максимална температура: 12°C до 19°C

Сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 19.02.2023
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 12°C до 20°C

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој кон крајот на денот долж Повардарието ќе засилува и ќе биде северозападен.

Прогноза за 20.02.2023
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 10 до 17°C

Сончево со умерена облачност. Во западните делови значително облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

ОБИЛНИ ДОЖДОВИ ЈА ЗАФАЌААТ МАКЕДОНИЈА – Локално се очекуваат над 25 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

БРВЕНИЦА ДЕНЕСКА ИЗБИРА ГРАДОНАЧАЛНИК – Отворени избирачките места, над 16.000 граѓани со право на глас

ДЕСК

ДРАМА ПРЕД ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – Шестмина млади мажи приведени по напад врз 18-годишник

ДЕСК