Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Калевска-Ванчева до Ласовска: Не ви пречеше имотната состојба кога го поддржавте Таравари за градоначалник на Гостивар

Пратеничката Снежана Калевска-Ванчева од СДСМ ѝ реплицира на колешката Благица Ласовска.

Од говорницата ѝ рече: „Слушам само за поделби, омраза и омаловажување. Ние сите 120, посочи таа, треба да работиме за народот“.

„Не сте само вие избрани од народот и ние сме избрани од народот. Која власт не се обидува да го заврши успешниот мандат. Оваа власт мандатот го доби во 2020 и мандатот ни е до 2024 година. Трета година сме во криза, не само ние, цела Европа. И вие сакате, место да се обединиме национално, да одиме на избори. Тоа Алијансата за Албанците го препозна, тие се издигнаа за европска и просперитетна Македонија. Не ви ли пречеше имотната состојба кога го поддржавте Таравари за градоначалник на Гостивар?“, ја праша Калевска-Ванчева пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ласовска.

Ласовска со контрареплика:

„За жалење е Македонија со ваква Влада. Македонските граѓани крпат едвај крај со крај. Станавме некропола на криминал“.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК