Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

(Фото) Фондацијата Заев – едно општество за сите, заедно со компаниите “Мамас” и “Тотал инженеринг”, испратија 22 тони разновидна конзервирана храна, како хуманитарна помош за турскиот народ

Фејсбук статус на Зоран Заев

🇹🇷🇲🇰
Денес преку Фондацијата Заев – едно општество за сите, заедно со компаниите “Мамас” и “Тотал инженеринг”, испративме 22 тони разновидна конзервирана храна, како хуманитарна помош за турскиот народ, односно за граѓаните од регионите погодени од катастрофалниот земјотрес.

Испраќаме јавна благодарност до Турската амбасада во Северна Македонија за одличната соработка при реализацијата на хуманитарната помош.

Сочувствуваме со нашите пријатели, особено со семејствата кои изгубија свои ближни и останаа без своите домови. Се молиме за сите кои поминаа низ агонијата, а на повредените во земјотресот им посакуваме побрзо оздравување и враќање во нормалните текови на живеење.

Да останеме луѓе, да останеме пријатели, но никогаш, ама баш никогаш и никаде низ светот, да не се случи тоа што се случи на турскиот и сирискиот народ.

Можеби ќе ве интересира

Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот, вели Стоојаноски

ДЕСК

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Дождови и магла од петок, во недела се очекуваат пообилни врнежи

ДЕСК

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК