14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Герасимовски: Бесплатни стоматолошки услуги за децата од градинките што доаѓаат од семејства во социјален ризик

Општина Центар обезбедува бесплатно орално здравје за децата во социјален ризик од трите матични градинки „13 Ноември“, „Корчагин“ и „Кочо Рацин“ и од сите објекти клонови, или вкупно 11 објекти. Преку овој проект, покрај поправката на запчиња, децата ќе може да добијат и корисни совети за правилното четкање на забите и важноста за редовно одржување на оралното здравје. Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, вели дека важноста на одржување на оралното здравје има суштинско значење во квалитетот на животот и самодовербата кај децата, која ја носи здравата насмевка.

„На мое задоволство, оваа година го прошируваме проектот и ги вклучуваме и децата од градинките. Здравите запчиња не значат само убава насмевка, туку правилно функционирање на организмот во целост. Одржувањето на оралното здравје треба да се практикува уште од најрана возраст и токму тоа е нашата цел, дечињата уште од мали да стекнат навики за редовно миење и правилно четкање на запчињата“, посочува Герасимовски.

Досега бесплатни прегледи на Стоматолошкиот факултет добиваа ученици од основните училишта во Центар, кои доаѓаат од семејства во социјален ризик, а оваа година, покрај децата од градинките, бесплатни стоматолошки прегледи добиваат и сите пензионери во општина Центар.

Можеби ќе ве интересира

Реконструкција на улица „2“ во населба Илинден

ДЕСК

Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот

ДЕСК

Герасимовски: Спортот ја развива кондицијата, дисциплината и спортскиот дух, децата спортуваа со Кокан Ајановски

ДЕСК