Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Чешката црква ја призна МПЦ-ОА како „Православна црква на Северна Македонија“

Светиот синод на Црквата на Чешката Репубика и Словачка одлучи да ја признае автокефалноста на „Православната црква на Северна Македонија“, објави порталот „Ортодокстајмс“.

Се наведува дека Светиот синод на Црквата на Република Чешка и Словачка „бил информиран за писмата на вселенскиот патријарх Вартоломеј во врска со обновувањето на евхаристиското заедништво со епархиите на Северна Македонија, како и за писмата на патријархот Порфирије на Србија за реинтеграција на Црквата во Северна Македонија, во канонската структура на Православната Црква на Србија и за доделување автокефалност на Православната Црква во Северна Македонија на 20 мај 2022 година“.

Во соопштението на Светиот Синод на Црквата на Чешката Република, не се споменува Црквата како „Охридска архиепископија“.

Минатата недела МПЦ-ОА беше призната од Романската црква.

Можеби ќе ве интересира

ЗАГИНАТ МАЖ ПРИ РАБОТА: Несреќа при обид да ослободи заглавена сајла – метален дел го удрил во главата, починал на лице место

ДЕСК

Минчев: Македонија полека но сигурно се препознава како лидер на реформите во регионот

ДЕСК

Физички нападнат доставувач на брза пошта – причината банална

ДЕСК