23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Зацврстувањето на про-европското мнозинство ќе и’ помогне на Владата полесно да се справува со блокадите испорачани од деструктивната опозиција

Зајакнувањето на мнозинството кое ја дава поддршката на Владата носи многу позитивни промени за државата и владата, особено што сега многу полесно ќе бидат надминувани пречките и блокадите од деструктивната опозиција која беше најголем кочничар за време на корона-вирус кризата, енергетската криза и последиците од војната во Украина врз економијата.

– За мене, оваа реконструкција на Владата не е мотивирана од имиња и презимиња. Денешните одлуки не се мотивирани од тесно-партиски интереси на ниту една партија во Владата, сегашните или идните. За мене, овие одлуки не се врзани и не смеат да бидат поврзани со желбите, мотивите и барањата на било кое партиско раководство. Денес ние сите носиме одлука дали и како ќе останеме на единствениот пат на државата.Дали ќе останеме на патот на прогресот, дали ќе останеме на патот на развојот, на стабилноста и извесноста, на економијата, на енергетиката, на животниот стандард и безбедноста на граѓаните. Или, како што сакаат дел од внатрешните и надворешните негативни фактори, да ја втурнеме државата во нова криза, нестабилност, непредвидливост и неред, изјави денеска од Парламентот, премиерот Димитар Ковачевски.

Според познавачите ваквото проширување на мнозинството е знак дека се трасира патот кон собирање на 80 пратеници на контото за Уставните измени со кои Македонија ќе го продолжи европскиот пат.

Зајакнувањето на мнозинството ќе биде добро и за носењето на важни одлуки поврзани со економијата и за справување со економската криза која трае извесен период.

Додека владината коалиција се зацврстува со нови 8 пратеници на Алијанса, во опозиција заминува Алтернатива, но и Павле Трајанов кој долго време праќаше сигнали за таков чекор.

Коалиција за Европски фронт

Изминатиот период се почесто се зборува за коалиција за европски фронт создадена од прогресивните сили во Македонија, која ќе ја движи земјата низ преговорите за членство кон ЕУ се до целосно зачленување на Македонија во Унијата.

Тоа би значело заеднички настап на СДСМ, ДУИ, Алијанса и целокупната коалиција на идните редовни парламентарни избори кои би се оддржале пролетта или летото во 2024-та година.

Дали тоа ќе значи и можен заеднички настап на идните парламентарни избори на актуелното мнозинство кое би било поддржано и од други партии кои имаат про-европски гледишта наспроти анти-западните сили, останува да видиме.