Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Со имиња и презимиња објавен список на граѓани и фирми кои должат за данок – Долга е листата на УЈП

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.02/2023 за долгови доспеани до 31.10.2022 и неплатени до 31.01.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници бр.02/2023 објавени се 1.699 должници – правни лица (повеќе за 24 од претходната листа) и 3.262 физички лица (помалку за 29 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.02/2023 изнесува 7.812.224.924 денари, помалку за 114.994.272 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 7.629.290.675 денари, помалку за 114.443.530 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 182.934.249 денари (помалку за 550,742 денари од претходната листа).

Листата е достапна со клик тука.

Кликнете лајк и заследете го Centar.mk на фејсбук и добивајте вакви корисни вести.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК