Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен крадец од Кавадарци, баран со потерница поради бегство од затвор, расчистени 11 кривични дела

На 12.02.2023, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 17-годишник од Кавадарци.

Тој се сомничи дека во периодот од 10.02.2023 до 12.02.2023 на подрачјето на Велес извршил пет тешки кражби и шест тешки кражби во обид, а бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа малолетнички затвор Тетово, поради бегство од затворот.

Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната. По целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

ТОПЛО ДО 21 СТЕПЕН, А ОД НЕДЕЛА ЗАЛАДУВАЊЕ – УХМР најавува дожд, утринска магла и силен јужен ветер

ДЕСК

ПЛАЌАТЕ ЗА УСЛУГА ПОКРИЕНА ОД ЗДРАВСТВЕНОТО ОСИГУРУВАЊЕ? – ФЗО ги засилува контролите за можни неправилности

ДЕСК

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ЌЕ ИМА ДВА РАЗЛИЧНИ ДЕЛА – Мицкоски го објасни предложеното решение за јазикот на полагање

ДЕСК