13. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСвест

Николовски во посета на пријателска Црна Гора ги пренесе придобивките од Отворен Балкан и успешната ИПАРД приказна

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска е во пријателска посета на Република Црна Гора, каде оствари средба со претседателот на Владата Дритан Абазовиќ и потпредседателот а воедно и министерот за земјоделство, Владимир Јоковиќ .

Целта на посетата беше споделување на нашата успешна ИПАРД приказна и придобивките од иницијативата Отворен Балкан.

Во своето обраќање за медиумите, министерот Николовски ги потенцираше добрите односи кои ги негуваат двете пријателски земји и подготвеноста на нашата земја да и помогне на Црна Гора во посилно повлекување на средства од ЕУ фондовите, преку споделување на нашите искуства за успешноста на ИПАРД 2 програмата.

„Северна Македонија и Црна Гора немаат никакви отворени прашања, но имаат огромен простор да ја зголемат соработката, комуникацијата и испораката на резлутатите кон граѓаните. Токму затоа денеска разговаравме и со потпретседателот и со премиерот Абазовиќ на две теми, шампионската улога на Северна Македонија во искористеноста на ИПАРД 2 средствата во износ од 60 милиони евра односно 98 % од целокупниот буџет и со реализирани над 2000 договори“ изјави министерот Николовски.

Премиерот Абазовиќ истакна дека посетата на министерот Николовски е дополнителен импулс за посилна соработка помеѓу нашите земји, особено во земјоделскиот сектор и производството на храна.

„Покрај туризмот и енергетиката, земјоделството е со најзначаен потенцијал за експанзија. Целта ни е максимално да ја искористиме таа можност во наредниот период“ изјави премиерот Абазовиќ.

Потпредседателот а воедно и црногоски министер за земјоделство, Јоковиќ кој е иницијатор на денешната средба, упати благодарност до министерот Николовски за пренесување на нашето искуство.

„Северна Македонија е регионален пример во поглед на искористеноста на фондовите од ЕУ за развој на земјоделството и поттикнување на производството. Црна Гора сака да ги усвои и примени македонските добри практики. Благодарни сме на македонските пријатели на подготвеноста да не поддржат“ рече Јоковиќ

Втората тема на која се разговареше денеска е иницијативата Отворен Балкан.

„Верувам дека во многу скоро време Црна Гора ќе биде новата земја членка на Open Balkan и дека граѓаните на Црна Гора ќе ги осетат и ќе ги добијат придобивките кои што ги имаат сега македонските граѓаните и граѓаните на Албанија и на Србија“ изјави министерот Николовски и при тоа ги образложи сите позитивни реазултати од отвоените граници како и идните планови за нови иницијативи кои уште повеќе ги доближат земјите членки кон остварување на нови придобивки.

Можеби ќе ве интересира

„Тиквеш“ прославува 140 години винска традиција, преточена во квалитет, современост и глобална препознатливост

C +

Поевтинуваат секојдневните плаќања за граѓаните и за компаниите

C +

Трамп ја повикува ЕУ да изврши притисок врз Путин со 100 проценти царини врз Кина и Индија

C +