Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Централниот одбор на СДСМ ја одобри коалицијата со Алијанса за Албанците

Централниот одбор на владејачката СДСМ го овласти нивниот претседател Димитар Ковачевски да ги заокружи преговорите со Алијанса за Албанците со цел зголемување на парламентарното мнозинство и да предложи решенија за реконструкција на Владата, соопшти портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Со принципите на платформата за соработка со Алијанса за Албанците, кои ги одобри Централниот одбор на партијата, се обезбедуваат услови за стабилност и ефикасност на Собранието и институциите. Кога светот се уште е во енергетска и економска криза, стабилноста ќе допринесе да продолжиме со реформите во економијата, судството и во интеграцијата во ЕУ“ рече Кузеска.

Портпаролката на СДСМ кажа дека изборите ќе се одржат според планираното во 2024 година, што е добро за срабилноста за инвесститорите и економијата.

СДСМ ќе го задржи бројот на министри како досега, а според Кузеска, проширувањето на парламентарното мнозинство ќе значи поголема поддршка на реформскиот и европскиот крус на земјата и политичка стабилност.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Додека прават дефокус носат 10.000 „економски работници“

ДЕСК

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, нема решенија за граѓаните – само дефокус

ДЕСК

Најмногу снег на Попова Шапка, утре со врнежи од дожд и снег претпладне , попладне облачноста ќе се намалува

ДЕСК