20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Министерството за транспорт и врски ќе распише нов јавен повик за финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии

Соопштение на Министерството за транспорт и врски:

Ве информираме дека Министерството за транспорт и врски ќе распише нов јавен повик за финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии.

Јавниот повик ќе се објави во согласност со политиките на фер и конкурентски услови согласно регулативата на Европска унија, а целта е да се поттикне и развива воздушниот сообраќај во Република Северна Македонија и да се овозможи поголем број на дестинации за граѓаните.

Исто така сакаме да информираме дека на јавниот повик кој траеше до 26 јануари 2023 година, документација доставија три авиокомпании.

Од страна на Комисија составена од членови од неколку државни институции се изврши евалуација на доставените понуди и притоа Комисијата констатира дека авиокомпаниите не ја доставиле комплетната документација пропишана во условите од јавниот повик.

Согласно тоа, Комисијата донесе одлука за поништување на јавниот повик.

Министерството за транспорт и врски, очекува во најбрзо врменски период Комисијата да распише нов јавен повик за финансиска поддршка за нови авиолинии за период 2023-2025 година.

Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за транспорт и врски е силно посветена на реализација на програмската определба за развој на авиосообраќајот.

Нашата цел е да ги искористиме капацитетите што ги нуди Меѓународниот аеродром Скопје и Охридскиот аеродром Св. Апостол Павле и да овозможиме квалитетни услуги со поширок спектар на дестинации за граѓаните преку конкурентни цени на авио билетите.