Centar.mk
вестКУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Обезбедени се околу милион и пол денари за заштита и реставрација на манастирот во Матејче

„Обезбедени се, ако не се лажам, околу милион и пол денари за мерки за заштита при што понатаму ќе продлжиме со реставација на самиот манастирски комплекс и на самата црква во Матејче“ изјави министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека ставката за заштита на културното наследство во опасност е постојано присутна во Буџетот на државата и во буџетот на министерството.

„Тука заедно со нас се вклучени и општините Липково и Куманово, во помош за зачувавување на Матејче и повеќе да не се случуваат никакви кражби“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура додаде дека и Министерството за транспорт и врски работи на план за рехабилитација на пристапниот пат до самиот манастир.

Можеби ќе ве интересира

„Матица македонска“ ги објави „Сопатници“ и „Писма од Норвешка“ од Исидора Секулиќ

ДЕСК

„Матица македонска“ ја објави „Кругови“ од Санде Стојчевски

ДЕСК

„Загубениот збор“ од наградуваната Оја Бајдар објавен во превод на македонски

ДЕСК