Centar.mk
вестКУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Нашата поддршка за МКЦ е јасно изразена преку финансирањето на програмскиот дел посветен на младите

„Имав средба со дел од програмскиот совет на МКЦ и она што е во делокругот на МК ние го остваривме, односно го поддржуваме во програмскиот дел, а тоа е МОТ, Здраво млади, Меѓународното гостување на женскиот хор и книжевните работилници. Со тоа даваме јасна поддршка на делувањето на МКЦ како политика со која ги поддржуваме и младите“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека Министерството за култура е секогаш отворено за соработка со МКЦ, бидејќи тие ги поддржуваат младите.

„Секогаш сме отворени доколку тие имаат и некои нови иновативни идеи, да се обраќаат до нас со како што ние би можеле да ги поддржиме“ рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

Можеби ќе ве интересира

„Матица македонска“ ја објави „Кругови“ од Санде Стојчевски

ДЕСК

„Загубениот збор“ од наградуваната Оја Бајдар објавен во превод на македонски

ДЕСК

Промоција на „ИНА“ од Весна Мојсова-Чепишевска во сабота

ДЕСК