Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Општина Центар со 500.000 денари парична помош за настраданите од земјотресот во Република Турција и Сирија

На предлог на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, советниците на општинскиот совет на денешната 1. вонредна седница едногласно ја изгласаа одлуката за доделување парични средства за настраданите од земјотресот во Република Турција и Сирија.

Финансиската помош од страна на Општина Центар во износ од 500.000 денари ќе биде донирана на посебна сметка на Фондот за солидарност на Црвениот крст на Република Северна Македонија и овие средства се доделуваат за хуманитарна помош во знак на солидарност за настраданите и нивните семејства во Република Турција и Сирија.

„Во овие тешки денови за населението на Турција и Сирија, каде што животите ги загубија речиси 16.000 жители, хуманоста и помошта се неопходни за побрзо и полесно справување со последиците и штетите настанати од разорниот земјотрес. Затоа би сакал јавно да апелирам до сите граѓани да се мобилизираме и да се вклучиме со донации за помош и поддршка за настраданите“, изјави Герасимовски.

Средствата од одлуката за доделување финансиски средства се издвојуваат од постојаната резерва на буџетот на Општина Центар за 2023 година.

Можеби ќе ве интересира

„Европа е за можностите“: Младите во Штип го одбележаа Денот на Европа преку студии, мобилност, дијалог и музика

ДЕСК

Вознемирувачки случај во центарот на Скопје: Жена пријавила недолично однесување на маж кој се самозоволувал пред неа

ДЕСК

Драма во училишен двор во Драчево: Дете почувствувало удар во грбот, до него пронајдено зрно од оружје

ДЕСК