Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Осмата јавна расправа за Законот за работни односи одржана во Општина Кавадарци

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска беше присутна на осмата јавна расправа која се одржа во Општина Кавадарци. Пред присутните кои беа дел од работодавачи, синдикати и останатите релевантни чинители беше презентирана нацрт верзијата на Законот за работни односи. Целта на јавните расправи е да се дојде до конструктивни коментари и критики кои треба позитивно да влијаат при подобрување на текстот на документот.

Тренчевска во своето воведно обраќање ја истакна важноста на јавните расправи како и важноста на транспарентниот начин на креирање на овој документ кој според неа претставува устав за работничките права.

Претставниците од работната група ги презентираа новините од предлог Законот за работни односи. Беа истакнати измените во колективните договори, инспекцискиот надзор и породилното отсуство.

На крајот од јавната расправа беа објаснети дел од забелешките на присутните и беа позитивно прифатени конструктивните коментари особено од страна на групата на работодавачи. Претставниците од работната група на законот уште еднаш потврдија дека ова ќе биде документ кој треба да ги штити правата на работниците но, и да биде во согласност со барањата на работодавачите.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +