15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Нови 100 милиони евра од ЕУ, почетокот на преговорите носи резултати

Соопштение на СДСМ:

Почетокот на преговорите со ЕУ носи видливи и конкретни резултати.

Европската комисија даде предлог за макрофинансиска помош до 100 милиони евра за Северна Македонија, односно поддршка за економијата за следните две години.

Помошта ќе придонесе и за покривање на финансиските потреби на Северна Македонија поддржувајќи ја и фискалната одржливост и структурните реформи, нејзиното спроведување ќе биде дефинирано заеднички со ЕУ, преку Меморандум за разбирање.

Меморандумот за разбирање најверојатно ќе се фокусира на реформите на политиките во областите на фискалното управување, даночната политика, управувањето со јавните инвестиции, јавно-приватните партнерства, деловното опкружување, транспарентноста во државната помош, енергетската ефикасност, реформите во судството и борбата против корупција.

Со ова уште еднаш се докажува кој стои до Северна Македонија во тешки времиња и во време на економска и енергетска криза.

Напредокот во евроинтеграциите носи засилена финансиска помош од ЕУ и пристап до нови фондови со што се обезбедува трансформација на нашето општество и нашата економија.

Можеби ќе ве интересира

Мобилните царински тимови со 199 случаи на заплени во 2025 – Трикратно зголемен број на откриени прекршочни и кривични дела

ДЕСК

Нова дигитална платформа за поврзување на МВР и Службен весник за побрзо објавување на изгубени лични документи и вадење нови

ДЕСК

Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД

ДЕСК