Centar.mk
БИЗНИС

Кусок енергија еден ден поради голем пад на температурите, соопшти ЕСМ

Вкупната потрошувачка на електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи („ЕВН хоме“) и дополнителните снабдувања што ги врши АД ЕСМ преку „ЕСМ продажба“, во неделата, 5 февруари 2023 година, драстично се зголеми поради наглиот и голем пад на температурата во вечерните часови во споредба со претходните денови, информираат од ЕСМ.

Потрошувачката, како што појаснуваат од таму, во саботата на 4 февруари изнесувала 18.948MWh, а во неделата се искачила на 22.331MWh.

„Поради скокот на потрошувачката, која ги надмина и номинираните количини од ‘ЕВН хоме“, од страна на АД ЕСМ пласирани се 1045 MWh системски услуги со терциерна резерва и регистриран е кусок од приближно 820 MWh. Сите други денови АД ЕСМ работи во рамките на нормалните граници на снабдување. Во моментот снабдувањето е по планот, производството се одвива пред сè преку два блока во РЕК ‘Битола’ и два котла во ТЕЦ ‘Неготино’, како и хидроелектраните и гогенеративната гасна електрана ‘КОГЕЛ/Енергетика’“, дополнуваат од ЕСМ.

Најавуваат дека во согласност со планот за производство во текот на утрешниот ден на мрежа ќе бидат вратени Блокот 1 во РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“. Следната недела, кога се очекува раст на температурите, ќе биде исклучен Блокот 2 заради претходно најавени сервисни активности, соопштуваат надлежните.

Истакнуваат дека АД ЕСМ целосно го исполнува планот за производство за 2023 година.

„Нагласуваме дека повлекувањето енергија од европската мрежа е всушност утврден балансен механизам во согласност со правилникот кој важи во цела интерконективно поврзана Европа“, е наведено во официјалната информација.

Можеби ќе ве интересира

Царина и АХВ потпишаа нов меморандум за соработка – Заеднички против сите обиди за криминал со храна, безбедноста приоритет

ДЕСК

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 56. сесија на Клубот на истражувачите

ДЕСК

Прва заедничка координација на Управниот и Надзорниот одбор на МЕПСО во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.