Centar.mk
ЛОКАЛНО

Град Скопје испрати противпожарна екипа во Газијантеп

Како првична и интервентна мерка Град Скопје испрати екипа на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје кон Газијантеп, каде што ќе биде ставена на целосно располагање на турските власти за сите потреби на спасувачката акција.

„На утрешната седница на Советот на Град Скопје предложивме и точка на дневен ред за одобрување 6 милиони денари првична хуманитарна помош за Турција и Сирија. Во контакт сме и со локалните власти од Газијантеп и сè што ќе произлезе како потреба на тамошните власти Град Скопје го става на располагање“, соопштија од Град Скопје.

Скопје, додаваат од таму, знае што значи солидарност. „Скопје е град на солидарноста!“, потенцираат од Град Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Јавен повик за Итно копче, брза и иновативна помош за повозрасните жители на Центар

C +

ИЗМИНАТАТА СЕДМИЦА САНКЦИОНИРАНИ 117 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

C +

Герасимовски: Го чуваме редот и јавниот простор во Центар, 86 казни за непрописно паркирање за три дена

C +