Соопштение на СДСМ:
Успешните енергетски политики на Владата и на институциите предводени од СДСМ даваат видливи резултати и тоа во време на глобална енергетска криза.
Во јануари годинава вкупното домашно производство на електрична енергија е зголемено за речиси 30 проценти во споредба со истиот месец претходната година.
Првиот месец од 2023 година се произведени 561.350 MWh електрична енергија, а во јануари лани производството на струја изнесуваше 434.189 MWh.
До пред само неколку години, јануари беше месец кога во државата редовно се увезуваше струја, а оваа година не само што се задоволуваат сите потреби, туку има и извоз на струја.
По успешното монтирање на трансформаторот на Блок 3 во РЕК Битола, за прв пат после долг временски период се ставени во функција сите домашни расположливи енергетски капацитети.
Тоа придонесе да се постигне рекордно највиско дневно производство на електрична енергија во последните 10 години.
СДСМ како одговорна партија продолжува со мерките и политиките што ќе ја унапредат енергетската независност на државата и ќе обезбедат пониски трошоци за електрична енергија.