Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Работна средба на министерот Спасовски со Н.Е. Милан Предан, амбасадор на Република Словенија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Словенија во Република Северна Македонија, Н.Е. Милан Предан, на кој му завршува мандатот во земјава.

На средбата министерот Спасовски му се заблагодари на амбасадорот Предан за поддршката од страна на Република Словенија во процесите за започнување на преговори со ЕУ и одличната соработка на Амбасадата на Република Словенија во Република Северна Македонија со Министерството за внатрешни работи, изразувајќи уверување дека истата ќе продолжи да се развива во континуитет и со новоименуваниот амбасадор.

Во оваа прилика министерот Спасовски му врачи плакета од МВР на амбасадорот Милан Предан во знак на благодарност за успешната соработка и модернизирање на капацитетите на МВР на Република Северна Македонија

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Снемува пари во Буџетот, дефицитот за три месеци изнесува 408 милиони евра

C +

Европски фронт собира потписи за уставни измени: Време е да се деблокира евроинтеграцијата

C +

Се запали сендвичара во Охрид, има повредени

ДЕСК