Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Најмалку двајца македонски ученици повредени во земјотресот во Турција

МНР преку Амбасадата во Анкара и генералниот конзулат во Истанбул внимателно ја следи ситуацијата во југоисточна Турција по силниот земјотрес рано изутринава, и во континуитет известува за состојбата во загрозените подрачја.

– Нашите претставништва обезбедија информации и стапија во контакт со деветте наши државјани кои се наоѓаат во загрозениот регион. Се работи за осум ученици и нивен ментор/наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Република Турција. Како последица од земјотресот, велат од МНР, и информираат дека двајца од учениците се здобиле со телесни повреди: едниот ученик е со потешки повреди – скршеница на која во моментов работат медицински лица и е во фаза на санирање – додека вториот ученик е со полесни повреди. Ниту еден од учениците и Менторот не е во животна опасност, рекоа од МНР.

Досега нема информација за други наши државјани кои се наоѓаат во загрозена состојба, велат од МНР.

Можеби ќе ве интересира

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК

ПРИЗНА ВИНА ЗА ПАЛЕЊЕТО НА ВОЗИЛАТА ПРЕД БУГАРСКАТА АМБАСАДА – Се чека проценка на штетата

ДЕСК

ВЕЧЕРВА ПОЧНУВА ИЗБОРНИОТ МОЛК ВО БРВЕНИЦА – Во недела втор круг од гласањето

ДЕСК