Centar.mk
ЛОКАЛНО

Градоначалникот Арбен Таравари се сретна со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување

Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари денеска оствари средба со претставниците на Дирекцијата за заштита и спасување на која тема на разговор беше кампањата што ја започна ДЗС во врска со обуките на тема „Намалување на ризиците од земјотресот“.

Оваа кампања ќе се одвива во основните и средните училишта на општина Гостивар, со цел спречување на ризици во случај на земјотрес, каде што општина Гостивар ќе соработува и ќе ја координира оваа кампања.

На средбата беше договорено и во иднина да се организираат заеднички обуки за други елементарни непогоди, почнувајќи од Летната школа за деца која секоја година се одржува во општина Гостивар.

Градоначалникот Арбен Таравари им се заблагодари на претставниците на ДЗС за оваа иницијатива и ја покажа својата и општината подготвеност за соработка и помош во овие иницијативи кои се за доброто на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Центар се грижи за најранливите, продолжуваме со бесплатниот транспорт за лицата со попреченост

C +

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање

C +

Герасимовски: Почна реконструкцијата на улицата Мирослав Крлежа, Дебар Маало добива уредена пешачка и резиденцијална зона

C +