Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Битиќи со убави вести: Во март со порастот на минималната, ќе има и линеарно зголемување на платите во јавниот сектор

За минималната плата и пензиите имаме системско решение постигнато преку социјален дијалог, рече вицепремиерот за економски прашање Фатмир Битиќи во „24 анализа“.

-За ова веќе ќе нема уценувања, ќе нема наддавања меѓу синдикати и работодавачи. Дефиниравме заедно методологија, критериумите за пораст се трошоците за живот, односно инфлацијата и порастот на просечната плата. Тоа е заедно усогласено системско решение. Системско е зашто беше одобрено од сите засегнати страни, односно синдикатите и работодавачите, кажа Битиќи.

Тој додаде дека во март освен што ќе има зголемување на минималната плата, во јавниот сектор ќе има усогласување на платите.

-Во март линеарно ќе биде зголемена платата во јавниот сектор за толку за колку што е зголемена минималната плата. Со Законот за административни службеници сите ќе бидат опфатени, рече Битиќи, додавајќи дека пари во буџетот веќе се обезбедени.

Можеби ќе ве интересира

Клучен енергетски објект во срцето на Скопје: ЕВН Македонија ја активира новата стратешка трафостаница „Централна“

ДЕСК

Високите цени на дизелот закотвија половина од холандската рибарска флота

C +

Дали треба да има скратена работна недела? Ако се усвои оваа мерка македонските граѓани ќе работат 4 наместо 5 дена за иста плата

ДЕСК