Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски се заблагодари на македоскатс полиција, граѓаните, медиумите и медиумските работници преку социјалните мрежи

Спасовски се заблагодари на македоскатс полиција, граѓаните, медиумите и медиумските работници преку социјалните мрежи.

– Дозволете да оддадам признание и да упатам честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони единици при МВР при исклучително добро реализираниот оперативен план во делот на одржување на безбедноста при чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев.

Како пред гробот на великанот Делчев кај црквата „Свети Спас”, така и на граничните премини, македонската полиција на висина на задачата успешно го спроведе овој настан од највисок безбедносен степен – еклатантен пример за тоа како постапува полиција од европски ранг.

Благодарност и до граѓаните, медиумите и медиумските работници кои имаа разбирање и на најпрофесионален начин дадоа свој придонес за навистина достоинствено чествување на великанот Гоце Делчев.

И секако како што и претходно нагласив: македонската полиција нема да дозволи понижување на македонскиот народ!

Ви благодарам!
МВР за ГРАЃАНИТЕ! 🇲🇰, напиша Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на социјалните медиуми.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК