На 03.02.2023 во 19.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Б.А.(49) од Скопје. Таа била затекната при извршување кражба во продажен објект на бул.„Октомвриска револуција“, при што одзела повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а таа била задржана во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 03.02.2022 во 14.45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.З.(27) од Велес, кој се сомничи дека во периодот од 11.40 до 13.00 часот со употреба на сила влегол влегол во куќа на ул.,,Вељан Шојлев“ во Велес и одзел личен предмет. Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот,лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 03.02.2023 во 13.35 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода З.Х.(51) од Струмица. Тој се сомничи дека во периодот од 15.30 часот на 02.02.2023 до 08.00 часот на 03.02.2023 со употреба на сила и погоден алат влегол во плац на правно лице и одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.