Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Драма се случувала попладнево на “Водно”: Поголема група на луѓе, меѓу кои и деца заглавиле поради силните ветришта – сите безбедно се евакуирани

На телефонски број за итни повици 112 во 15:40 часот добиена е пријава од лице кое се наоѓало на Водно кај Крстот, каде известува за поголема група на луѓе меѓу кои и многу мали деца кој чекаат да се симнат по жичарата, меѓутоа поради големите ветрови на истите од страна на вработените на Жичарата не им е дозволено да се симнат со лифтот. Бараат помош за симнување, со напомена дека се известени од страна на вработените на Жичарата дека патот е подзамрзнат и тешко е со кола да се стигне до местото каде и се наоѓаат луѓето.

За настанатата состојба од наша страна веданш е известено одговорно лице од Град Скопје и ЈСП Скопје.

По извршените контакти со одговорното лице од ЈСП Жичарницата, истата беше ставена во функција и луѓето безбедно се симнаа надолу до Средно Водно.

Од страна на Град Скопје е известен и Црвениот Крст кои се наоѓале на лице место и помагаат на луѓето безбедно да се симнат надолу.
Состојбата е надмината и временските услови се стабилизирани.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК