Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Затворена „Самоилова“ кај Кале поради чествувањето на Гоце Делчев

Министерството за внатрешни работи уште од вечерва ја затвори улицата „Самоилова“, поради организираното чествување на раѓањето на Гоце Делчев, што ќе се случува в сабота во црквата Свети Спас во Скопје.

Од полицијата велат дека се преземаат засилени активности и мерки за подигнување на безбедноста околу местото на одржување на настанот.

Затворањето на Самоилова се протега на потегот од улицата Иљо Војвода (виадукт Самоилова) до крстосницата со улицата Прохор Пчински, а в сабота на 4 февруари, посебен режим на сообраќај ќе се спроведе и на улицата Лазар Личеновски.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

Каква храна јадеме? Ако и етикетата лаже, на што да веруваме: Нов аларм за храната што ја конзумираме

ДЕСК

ВЕТЕР ДО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Се очекуваат најсилни удари во западните делови – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК