17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

МВР со детали за тешката сообраќајка на патот Градско – Велес, има повредени

МВР соопшти дека утрово во 07.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Градско – Велес, С.А.(58) од Велес, управувајќи патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од патот.

МВР информира дека во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците У.Б.К.(45) од Велес и С.Ч.(39) од с.Виничани, општина Градско, констатирани во болницата во Велес, велат од полицијата.