Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Одземање на бугарските пасоши на Македонци кои шират омраза кон Бугарија – онлајн петиција собра стотици поддржувачи

Фан страницата на фејсбук „Бугари од Македонија“ објавила онлајн петиција со која се бара одземање на бугарските пасоши односно државјанства на Македонци кои шират омраза кон нашиот сосед Бугарија.

– Ние од страницата „Бугари од Македонија“ ги повикуваме сите владини и невладини организации да се приклучат на нашата иницијатива: Повлекување на бугарското државјанство за лица кои го стекнале истото од Р.С. Македонија и денес шират омраза кон Бугарија, се вели во објавата, се вели во објавата.

Инаку онлајн Петицијата објавена на 29 јануари оваа година досега ја потпишале 186 лица преку интернет.

Ова доаѓа откако се дозна дека еден од напаѓачите на Педников имал бугарски пасош, но и дека многу членови на опозицијата која има генерално анти-бугарска политика и излегуваа на протестите против францускиот предлог всушност се имаат пишано како Бугари.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +