Centar.mk
ЛОКАЛНО

Димитриевски во Нови Сад го посети македонското здружение „Кирил и Методиј“ кое активно работи на негување на македонската култура и традиција во Србија

Делегација од Општина Куманово предводена од градоначалникот на општината Максим Димитриевски е во работна посета на Град Нови Сад по повод одбележување Ден на градот.

При посетата на збратимениот град Нови Сад, Димитриевски вчера оствари средба со градоначалникот Милан Ѓуриќ каде упати искрени честитки по повод 275 години од постоењето на оваа општина, што претставува важен историски датум за овој град. Тој изрази надеж за продолжување и продлабочување на меѓусебните односи со цел да се реализираат нови заеднички проекти кои ќе бидат од големо значење за граѓаните на Куманово и Нови Сад.

Димитриевси, го посети и седиштето на македонското здружение „Кирил и Методиј“ кое активно работи на негување на македонската култура и традиција во Србија, организирајќи „Денови на македонска култура“ и многу други проекти веќе 16 години во Град Нови Сад.

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 луѓе денеска оставија пример што заслужува да го следи цело Скопје

ДЕСК

Герасимовски: 36 хористи од „Кочо Рацин“ наградени за триумфот во Херцег Нови, Центар пее гордо!

ДЕСК

Искористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина Центар

ДЕСК