Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Полицијата им влезе дома: Претрес во Гевгелија, приведени двајца дилери на дрога

На 31.01.2023 во 15.00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишиле од слобода М.П.(42) од Гевгелија. При преглед на патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден амфетамин.

Истиот ден, во 17.45 часот, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода и Д.Д.(39) од Гевгелија. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени прашкаста материја, марихуана, семки од марихуана и дигитална вага.

За настаните е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски од Илинден: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“

ДЕСК

Времето ќе изненади – синоптичарите објавија најнова прогноза – какво време да очекуваме?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК