Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Државната секретарка Несторовска ја отвори Втората регионална тематска мултидисциплинарна работилница -„Ставање крај на неказнивоста на трговците со луѓе и поддршка на правда за жртвите на трговија со луѓе во Југоисточна Европа“

Денеска, државната секретарка во Министерството за внатрешни работи и Национална координаторка за борба против трговија со луѓе, Магдалена Несторовска присуствуваше и со пригодно обраќање ја отвори Втората регионална мултидисциплинарна тематска работилница: „Ставање крај на неказнивоста на трговците со луѓе и поддршка на правда за жртвите на трговија со луѓе во Југоисточна Европа“.

Работилницата во Скопје се реализира во периодот од 31 јануари до 2 февруари 2023 година во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ), во соработка со Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Владата на Република Северна Македонија.

Тридневната регионална тематска мултидисциплинарна работилница ќе обедини група практичари од сите земји-учеснички на проектот и тоа од :Албанија, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, под стручно раководство на ментори од Белгија и Франција, како и преку тематски придонес од регионални експерти, учесниците ќе имаат можност да разговараат за нормативните, практичните и политичките аспекти за успешно справување со случаите на трговија со луѓе.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК