13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Петровска: Не може да имате силна армија ако се потпрете само на опремата, најважни се луѓето

„Може да правиме добри презентации за сета модерна опрема што ја купуваме за Армијата. Таа е голема и по вредност и по значање, со неа се јакнат капацитетите на Армијата, но нема да бидеме успешни ако зборуваме само за модернизација на опремата и ги заборавиме луѓето. Токму затоа направивме измени и дополнувања на Законот за служба во армијата“ рече министерката за одбрана, Славјанка Петровска на годишната конференција „Година на нови можности“.

Таа додаде дека со измените на законот се подобрува стандардот на припадниците на Армијата и се создаваат услови за привлекување на млади кадри.

„Имаме редовно покачување на платите, опремнина за секој војник со навршени 45 години во износ кој е поврзан со просечната плата, а не фиксен износ. Исто така предвидено е и зголемување на додатоците, зголемување на времето кое го добиваат како додаток за станарина, како и можности за стипендирање на млади кадри, кои се во финална фаза од нивното високо образование, за Армијата да биде привлечна за нив“ рече Петровска.

Министерката кажа дека продолжуваат разговорите на министерството со четирите синдикати со цел да се одговри позитивно на сите нивни барања и предизвици со кои се соочуваат.

Спонзорирано: