Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Николовска: Министерството за земјоделство остава впечаток на отвореност, кооперативност, па дури и сервилност кон земјоделците

„Изминативе години се презодоа мерки со кои се стопираше негативниот тренд во земјоделското производство и се пристапи кон негово стабилизирање. Сведоци сме на стотици милиони евра инвестиции во системи за наводнување, земјата се дава на вистинските земјоделци и Владата излегува во пресрет на барањата и ги решава проблемите на земјоделците“ рече експерката за земјоделски политики и рурален развој Ленче Николовска.

Таа додаде дека впечатокот кој го оставаат Владата и Министерството за земјоделство е отвореност, кооперативност, па дури и сервилност кон барањата на земјоделците.

„Големата цел на реформите во земјоделството е прилагодување на македонскиот аграр со заедничката земјоделска политика на ЕУ. Новиот модел на субвенционирање е токму тоа. За нас тој е нов, но тој е веќе докажам, успешен и добар за земјите во ЕУ“ рече Николовска.

Таа додаде дека новиот систем за субвенционирање е одговор на сите критики изминативе години дека субвенциите во земјоделието немаат развојна компонента.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода возач на автобус во тетовско и патник во автобусот, пронајдени непријавени 34.965 евра

ДЕСК

ДОАЃА ЖЕШКО ВРЕМЕ, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ СКОКНАТ НА 33°C: Најави и за невреме во деталната четиридневна прогноза

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК