Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Ковачевски: Го либерализиравме увозот на гас, во ЕСМ има наддавање

Имаше многу предизвици, но ги посетивме сите земји од регионот, како и САД се со цел да обезбедиме претпоставки за успешно справување во последниот квартал минатата година и првиот квартал оваа година кога е грејниот период, рече премиерот Димитар Ковачевски за време на годишната конференција „Година на нови можности“.

-Ги зголемивме прекуграничните капацитети со Бугарија, се со цел да нема прекин обезбедивме и непречен увоз на суровини и енергенси од Грција и Албанија. Тамошните компании бара да го намалат извозот на јаглен, но на состанок со премиерот на Грција беше договорено да нема забрана за извоз за Република Северна Македонија. Обезбедивме доволно енергија за да нема недостатоци. Никој не веруваше дека ќе работат сите три блока на РЕК Битола, рече Ковачевски.

Тој додаде дека државата имала значајна помош од САД.

-Немавме либерализиран увоз на гас, но со зголемување на капацитетот на интерконекторот со Бугарија и подзаконските акти за снабдување со гас, тоа стана реалност и сега ЕСМ има наддавање за гас. Се што беше дадено како задача беше исполнето до перфекција, заклучи премиерот.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК