8. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Чаушевски: Државата енергетски е во кондициона способност

Само оние земји кои имаат поголем процент на домашно производство можат побезболно да се справат со економската криза, вели професорот Антон Чаушески за време на годишната конференција „Година на нови можности“. Тој кажа дека напорите на Владата биле насочени кон обезбедување на максимална оперативност и кондиција на термоенергетските капацитети, а хидроенергетските капацитети и онака зависат од водените ресурси.

-После долги години се активираше термоцентралата Неготино. Имаше различни мислења, но како резерва добро се вклопи во нашиот енергетски систем. Блоковите во Битола се ставени во оперативна состојба. Во спремна, кондициона способност сме, со оглед и на староста на електраните. Енергетските прилики се сменија и кај нас и во Европа. Масовно и кај нас се имплементираат обновливи извори на енергија, особено ветерните централи и фотоволтаиците. Тие можат да помогнат во ваква ситуација експресно и да ја ублажат ситуацијата, кажа Чаушевски.

На прашањето за инвестирање во нукеларна енергија, тој одговори:

-Малите модуларни реактори се практично на пловни објекти, но соодветно треба да се адаптираат за производство на електрична енергија на земја.
Ова претставува иднина на нукеарната технологија, особено за земјите кои се мали и не треба да се исклучи оваа опција. Оваа тенологија е можеби применлива кај нас после 2035 година, бидејќи треба услови, ни треба нуклеарна инфраструктура, истакна професорот.

Можеби ќе ве интересира

Димковски: Лозарите мака мачат, ВМРО-ДПМНЕ да го прифати решението на СДСМ за дополнителни 3 денари за килограм грозје

C +

СДСМ до ВМРO-ДПМНЕ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?

C +

СДСМ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?

C +