Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Шаќири: Заедно со Владата успеавме да го мотивираме наставниот кадар со повисоки плати

Наставниот кадар е многу важен елемент, а 2022 година не беше лесен период, оцени министерот за образование Јетон Шаќири на годишната конференција „Година за нови можности“.

-Не беше лесно особено во настојувањето за повисоки плати, но со поддршката од Владата направивме добар чекор во насока на повисоки плати во секторот. 15 проценти кои ги постигнавме во 2022 година, но секогаш и понатаму ќе работиме за подобри условви на сите што работат во основно и средно образование. Освен платата што е мотивација, мотивација се и добрите услови во училиштата, Тоа ни е важен приоритет. Во повеќе од 100 училишта низ целата земја имаме нови лабораторија, а освен за учениците тие се и за наставниците и професорите, рече Шаќири.

Според него во делот на мотивацијата на наставниот кадар, освен платата и условите, елемент е и оптимизацијата на мрежата на основни учулишта.

-Под тоа не треба да се подразбира помалку наставници, туку подобри учулишта и квалитет. Овој кадар е важен во образовниот процес. Секоја наша одлука треба да се реализира преку соработка со наставниот кадар.Нема да запреме со обуките и остатнатите мерки за мотивација на наставниот кадар, истакна Шаќири.

Можеби ќе ве интересира

ЗУЛУМ ВРЗ СЕДУМДЕСЕТГОДИШНИК: Четворица осомничени за разбојништво во Струмица

ДЕСК

Николоски:  Преку 350 милиони евра Владата инвестира во инфраструктурни проекти во општините, дополнително преку Светска банка инвестираме 25 милиони евра во изградба и рехабилитација на преку 100 километри локални улици низ општините

ДЕСК

СДСМ утре ја промовира „Скопска иницијатива“ на меѓународна конференција

ДЕСК