10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Нуредини: Посветени сме на изградба на пречистителната станица за вода во Скопје

Еден од поголемите проекти на Министерстовото за животна средина е изградбата на пречистителната станица за вода во Скопје, рече министерот Насер Нуредини на годишната конференција „Година за нови можности“. Тој кажа дека средства се обезбедени со помош на Европската банка обнова и развој, но и буџетот од државата.

– Обезбедени се 126 милиони евра од ЕБОР и грант од 70 милиони евра од Европската унија. Тоа е инфраструктурен објект кој е неопходен за главниот град и нашата земја. Имаме и друг грант од Европската банка за развој за помош на општините за канализации и питка вода, рече Нуредини.

Според него, соработката со локалната самоуправа е многу потребна, бидејќи без нив ниту еден проект не може да се почне.

-Тоа се институции кои ја подготвуваат документацијата, а ние сме како надзор, предлагаме средства, политики и закони, но не можеме да кажеме што е потребно за локалното место, питка вода, каква канализација. Како Влада немаме одбиено такви проекти, важно е да имаат добри проекти и документација, за средства од нашиот буџет и од ИПА фондовите. Задолжително е да се има соработка со секоја општина и како Влада покажавме дека сме отворени со сите општини без разлика од која партија е градоначалникот, рече Нуредини.

Спонзорирано: