Centar.mk
КУЛТУРА

Оперската претстава „Рита“ од Гаетано Доницети на 1 февруари

Комичната опера во еден чин „Рита“ од Гаетано Доницети ќе биде изведена на малата сцена во Националната опера и Балет, в среда, 1 февруари 2023, со почеток во 20 часот.

„Рита“ е приказна за младата и убава Рита, вплеткана во сплетките и интригите на брачните недоразбирања со комичен и среќен завршок.

Диригент е Ѓурѓица Дашиќ, режисер е Трајко Јордановски, сценографијата и костимите се на Марија Ветероска, а концерт-мајстор е Игор Тодоров.

Солистичка екипа ја сочинуваат: Ана Ројдева, Јане Дунимаглоски, Ернес Ибраимовски и Борко Биџовски.

Можеби ќе ве интересира

„Читаме денес за подобро утре“ – прва ваква зелена акција на издавачка куќа во Македонија

ДЕСК

Светски ден на книжевноста за деца: Објавена нова книга од Стојан Тарапуза

ДЕСК

65 години од раѓањето на Блаже Миневски – „Матица“ го објави „Црна лисица“, нов том од избраните дела

ДЕСК