Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

НУРЕДИНИ: 2023 година ќе биде година на можности за животната средина

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини учествуваше на панелот „Капитални и инфраструктурни проекти за подобар квалитет на живот и развој на културата во услови на криза“ што се одржа денес во рамки на дводневната годишна конференција на Владата насловена ”Година на нови можности”.

Во обраќањето Нуредини истакна дека 2022 година, беше година на големи проекти во животната средина што ќе остават белег на оваа земја споменувајќи го пред се чистењето и транспортирањето на линданот и неговите изомери од малата депонија во Охис што со години тлееше како рак- рана во урбано подрачје во главниот град, потоа зголемување на територијата на заштитени подрачја во државата на 13.9%, како и виден напредок во проектирањето и реализација на големи инфраструктурни проекти во областа на водите и отпадот. Министерот Нуредини во продолжение најави силна инфраструктурна активност и во претстојанта година во областа животна средина.
“Претстојната 2023 година, ја сметам за година на можности за животната средина, бидејќи навистина многу работевме во претходниот период и ги обезбедиме сите потребни услови за реализација на многу сериозни капитални инфраструктурни проекти со кои ќе овозможиме секое населено место да има чиста вода за пиење и ќе има соодветен систем за управување со отпад. Вложуваме во основна инфраструктура во општините и во подобра иднина за граѓаните“ – истакна министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во своето обраќање. Нотирани се следните инфраструктурни проекти како клучни:
– Пречистителна станица за отпадни води за Град Скопје, за чија изградба се обезбедени 126 милиони евра со заем од Европската Инвестициона Банка и грант средства во висина од 70 милиони евра од WBID, за што е очекувано потпишување на договорите во тек на февруари/март годинава;
– Над 110 милиони евра обезбедени од ИПА II Секторска оперативна програма за животна средина и климатска акција се наменети за реализацијата на проектите: Рехабилитација и проширување на канализациона мрежа во општина Кичево – Договорот за градежни работи е во процедура на потпишување и се очекува во најскоро време отпочнување на изведбените работи; Изградба на пречистителна станица за отпадни води за општина Битола, за што во средина на 2023г. е предвидено потпишување на договорите; Пречистителна станица за отпадни води за општина Тетово со рехабилитација и проширување на канализационата мрежа;
– Во рамки на ИПА 3, Акциска програма 2022, планирани се:
– Рехабилитација/проширување на канализациона мрежа и изградба на станица за пречистување на отпадни води во Велес и во Штип, и поврзување на градот Виница и околните села со ПСОВ Кочани.
– Од Буџетот на МЖСПП за 2023 година за Управување и заштита на водите обезбедени се 203 милиони денари, а за проекти со кои ќе им се помогне на општините во поставување на системи за третман на отпадните води нешто над 252 милиони денари
– Програмата за води обезбедува 40 милиони денари,
– Програмата за инвестиции во животната средина 230 милиони денари,
– Новата Програма за посебни текови на отпад 120 милиони денари
– Заем во висина од 50 милиони евра од Европската Инвестициона Банка (ЕИБ) со што се обезбедува помош не само за големите, туку и за најмалите општини за изградба на водоводни мрежи, одведување и прочистување на отпадни води
– 55 милиони евра заем од ЕБРД за воспоставување на систем на одржливо управување со отпад за сите плански региони.

При тоа, Нуредини нагласи дека за постигнување на висок степен на реализација на посочените проекти е потребен и соодветен капацитет на општините, бидејќи во крајна линија тие се имплементатори на проектите.
„Министерството за животна средина и просторно планирање било и ќе биде отворено за сооработка, финансиска и логистичка поддршка на локалните самоуправи како и најмалите општини би имале пристап до обезбедените средства и би биле подготвени максимално да ги искористат понудените можности”, порача министерот Насер Нуредини пред присутните.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Четири хороскопски знаци ги чека април за паметење: Доаѓаат успеси и голем напредок

Овој април ќе биде особено успешен и корисен за четирите знаци кои ќе доживеат голем напредок. Иднината не може да се предвиди, но ако им се верува на астролошките прогнози… Прочитај повеќе

Добриот план е половина работа: Ова ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да го направите пред да одите на одмор

Повеќето туристи кои не патуваат преку агенции, сместувањето го избираат преку специјализирани локации, што се води од критиките на другите гости. Но, тука често се јавува проблемот, особено ако критики… Прочитај повеќе

Дали ги користите двете раце или само палецот? Што кажува начинот на кој ги пишувате пораките за вашата ЛИЧНОСТ

Откријте каква личност сте. Сите ние поминуваме многу време и на социјалните мрежи и пишувајќи пораки. Во зависност од тоа како ги пишувате, можете да одредите какви сте како личност.… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе