Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Вредна е за разгледување идејата за брз влез во ЕУ со замрзнато право на вето

„Постојат идеи кои се презентирани од некои организации, аналитичари и тинк-тенкови особено од Париз и Виена. Има поединци кои ја промовираат идејата да се даде поскорешен датум за членство на државите од Западен Балкан, но со одредени нетипични дерогации. Одредени права да им бидат замрзнати првите пет или 10 години, како правото на вето или правото на комесар“ рече вицепремиерот за европски прашња, Бојан Маричиќ во „Аргумент плус“ на ТВ24.

Тој додаде дека ова е идеја за кој авреди да се разговара, бидејќи за нас е битно да влеземе во системот за политичко одлучување преку Европскиот Парламент и Советот за министри што поскоро.

„Правото на вето и правото да се избира комесар од кај нас дури и да дојдат подоцна не е страшен проблем, бидејќи секако на државите им требаат пет до 10 години да се социјализираат во тој нов систем. Ние сакаме во ЕУ заради прифаќањето на тие вредности и стандарди, влез на заедничкиот пазар и учество во крупните одлуки“ рече Маричиќ.

Според вицепремиерот подобро е да сме на маса, отколку да чекаме уште 10 години за ЕУ да се реформира и секако да ги немаме тие права.

Можеби ќе ве интересира

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело, следува пријава

ДЕСК

Шок во Клинички центар: Двапати се обидел да прегази медицинско лице

ДЕСК

Сообраќајна несреќа со млади лица: Возач тешко повреден, тројца завршија во болница – сите на возраст од 18-19 години

ДЕСК