Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

Ковачевски: Градиме патишта, училшта, за прв пат во 10 години реализирани се 90 проценти од планираните проекти, граѓаните не сакаат избори, туку прогрес!

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во своето обраќање на годишната конференција „Година на нови можности“, се осврна и на инвестициите коишто беа реализирани во текот на 2022 година.

„Ако ги погледнеме капиталните инвестиции, во 2022 година реализирани се 90 проценти од планираните проекти, што е највисок остварен процент во претходните 10 години и највисок историски износ од 465 милиони евра и тоа во најкризна година.

Во транспортот, на пример, се градат и рехабилитираат 44 експресни, магистрални и регионални патишта, при што работите кај најголем дел од нив се завршени, а за некои се во тек“, рече премиерот Ковачевски, додавајќи дека во моментов активно тече изградбата и реконструкцијата на автопати во должина од 59 километри.

„Во образованието, завршена е изградбата на 3 училишни објекти и уште 3 се во фаза на градба. Завршена е реконструкцијата на 29 училишни објекти и е започната во 21 училиште.

Како што најавиме, следува реконструкција на 118 училишни објекти во целата држава. И ќе започнеме со целосна реконструкција на сите 9 државни студентски домови.

Во здравството, реализирана е набавка на најсовремени апарати за дијагностика за 14 јавни здравствени установи, во соработка со Светска банка, за коишто инсталацијата е во тек, а вкупната вредност на инвестицијата е 13.6 милиони евра.

Обезбедени се и нов линеарен акцелератор, нов апарат за зрачна терапија, нова магнетна резонанца, нов компјутерски томограф. Воедно, приватните лекари добија повисока вредност на капитациониот бод, од 63 денари на 75ден, додека капитацијата за приватните стоматолози сега е покачена и изнесува 61 денар по пациент.

Во областа на животната средина, исчистена е едната од двете депонии во фабриката ОХИС од изомерите на лиднан, што со децении претставуваше закана по здравјето на граѓаните.

Исто така, реализирани се, или е во тек, реализација на околу 40 проекти. Меѓу нив, од буџетот за 2022-ра година се наменети средства во вредност од 3,2 милиона евра за водоснабдителни системи за повеќе населени места и средства во вредност од 1 милион евра за реконструкција и надградба на колекторскиот систем и пречистителна станица во општина Дојран.

2022 година е заокружена со целосна реализација на капиталните инвестиции во Полицијата, со 78 целосно реконструирани објекти на Полицијата, од коишто 7 минатата година, во вкупна вредност од над 8 милиони евра.

Армијата ја модернизираме според НАТО стандардите, за што веќе се во тек неколку повеќегодишни капитални проекти, набавка на лесни оклопни возила од САД, набавка на опрема за противвоздушна обрана, за што е потпишан договор со Франција, а склучени се и договори за набавка на артилериски системи во соработка со Турција, како и за ремонт на транспортни хеликоптери со Чешката Република.

Во рамки на заложбите, како извршна власт, направивме сè што зависи од нас за ефикасно правосудство, по донесените закони- и 5 основни судови, конкретно во: Кавадарци, Струмица, Штип и Кривичниот и Граѓанскиот суд во Скопје се опремени со современа ИКТ опрема, како дел од планот за дигитализација во правосудството.

А од ноември 2022-та година во функција е најголемата дигитална судница во државата, во Идризово. Во услови кога сите погледи се насочени кон борбата со криминалот и корупцијата, како предизвик во национални и регионални рамки, стеснет е просторот за изговори кога станува збор за ефикасното и професионално постапување на надлежните органи. И секој има обврска да испорача резултати за тоа за што е платен од граѓаните“, рече премиерот Ковачевски.

Тој соопшти дека Владата останува посветена на развојот на државата, бидејки граѓаните тоа го очекуваат.

„Со Буџетот за 2023 година обезбедивме: 250 милиони евра за антикризни мерки, 1,2 милијарди евра за пензионерите, 57,5 милиони евра повеќе за трансфери за општините, 63 милиони евра повеќе за здравствени услуги, 800 милиони евра за капитални расходи.

Граѓаните сакаат стабилност, сакаат ред и поредок, сакаат прогрес и решенија, сакаат реален подобар живот! Тоа е остварливо. Република Северна Македонија ќе продолжи по европскиот пат, со потребните реформи во сите области и ќе биде рамноправна членка на Европската Унија.Тоа е веќе неповратен процес“, порача премиерот Ковачевски на конференцијата „Година на нови можности“, што се одржува во Скопје.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Сè повеќе студенти се подготвени да го напуштат факултетот за да го заштитат своето ментално здравје

Една нова анкета на Галуп објави дека 41 процент од студентите кои моментално се запишани на постсредно програма размислувале да се откажат од студиите во изминатите шест месеци. Овој број… Прочитај повеќе

Летно сметање на времето

Летното сметање на времето во 2023 година започнува на 26 март во 02 часот, така што со поместување за еден час нанапред, времето во 02 часот се смета како 03… Прочитај повеќе

УСЈЕ се приклучи на глобалната иницијатива „Час на планетата земја 2023“

Повеќе од една деценија, Цементарница УСЈЕ е дел од глобалната иницијатива „Часот на планетата земја“. Во сабота, 25 март 2023 година, од 20:30 часот до 21:30 часот, УСЈЕ ќе ги… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен… Прочитај повеќе

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе