Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: 2022 година беше полна со предизвици, но не баравме оправдувања туку правевме, подобрувавме и унапредувамвме

„Изминатата 2022 година беше полна со предизвици во геполитички аспект. По пандемијата и економската криза се соочива и со војна на суверена држава, со ризици по светскиот мир. Требаше да се обезбеди, храна, струја, да се сочува стабилноста“ рече премиерот Димитар Ковачевски на конференцијата „Година на нови можности“.

Тој додаде дека Владата, на која оваа ѝ беше прва година, можеше многу лесно да бара оправдувања зошто нешто не може, но сепак одлуката беше да се направи, да се подобри и унапреди.

„Многу работници, земјоделци, учители, лекари, сопственици на големи компании и занаетчии и мали фирми работат напорно, многу напорно, за да обезбедат егзистенција за себе, за своите семејства, за своите вработени. И со даноците што ги плаќаат, придонесуваат и во напредокот и изградбата на својата држава. Сите тие се мојата мотивација и изворот на сила и верба, дека овој пат што го одиме, сите деноноќни заложби да се обезбедат потребите на граѓаните, да се обезбеди европската иднина на државата, со сите кочници и блокади, објективни или со намера, дека сето тоа – вреди“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека сега пред нас е година на нови можности за кои напорно се работеше и за која се создаде предуслови. Тој најави дека возможни се и потребни нови чекори напред за секого во нашата татковина, за да имаме достоинствен квалитет на живот, според европски стандарди.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +