Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Во СВР Штип казнети 69 возачи за управување возила со брзина поголема од пропишаната

На 29.01.2023 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 69 прекршоци, од кои 35 во населено место и 34 надвор од населено место, од нив 27 на подрачјето на Штип, 18 Свети Николе, 9 Кочани, 5 Виница, 4 Делчево, 3 Берово и 3 Пробиштип.

На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 14 други видови на прекршоци, од кои 1 за нерегистрирано возило, 7 за управување возило без возачка дозвола, 2 за возач почетник, 2 за некористење сигурносен појас и 2 за непрописно паркирање.

Можеби ќе ве интересира

Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот, вели Стоојаноски

ДЕСК

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Дождови и магла од петок, во недела се очекуваат пообилни врнежи

ДЕСК

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК