Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

Бочварски: Вложуваме во инфраструктурата за европска перспектива и за подобра иднина на државата

Секој вложен денар во инфраструктурата е влог за подобра иднина на државата и подобри услови за живот на граѓаните, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на панел дискусијата посветена на капиталните проекти како и развој на културата и образованието во услови на криза, во рамки на годишната конференција на Владата „Година на нови можности“.

Во своето обраќање министерот Бочварски се осврна на рекордната реализација на капитални инвестиции во 2022 година со посебен фокус на патната и железничката инфраструктура.

“Преку 1 милијарда евра инвестираме за инфраструктурата. Го започнавме најголемиот проект за изградба на железничкиот коридор 8 кон Бугарија вреден преку половина милијарда евра. Во само една година завршивме со изградба на два експресни патишта од Штип до Кочани и од Штип до Радовиш, инвестиција од преку 100 милиони евра. Дополнително реконструиравме преку триесетина регионални патни правци. Даваме максимална поддршка на општините преку реконструкција на локалните патишта, околу 130 улици и патишта опфативме со рехабилитација само минатата година. Помагаме и во делот на изградба на водоводи и канализации. Ја продолживме мерката за воведување на нови авиолинии. Северна Македонија е веќе на главните европски рути.“ – се обрати министерот Благој Бочварски.

Тој потенцираше дека оваа година Министерството за транспорт и врски има огромен предизвик во отпочнување на изградбата на преку 140 километри автопати на Коридорите 8 и 10-Д.

„Очекуваме оваа година да започнеме со изградба на автопатските делници Требениште – Струга – Ќафаса, Букојчани – Гостивар, Тетово – Гостивар на Коридор 8, како и Прилеп – Битола на Коридорот 10-Д. Ова бара сериозна посветеност и максимално ќе се заложиме во реализација на овој проект. Исто така оваа година очекувам да го завршиме и автопатот Кичево – Охрид, како и автопатот Скопје – Блаце, прва фаза, а да го распишеме и јавниот повик за изградба и на втората фаза кон Блаце. Во делот на железницата, силно продолжуваме со изградба на првата и втората фаза од пругата кон Бугарија, а планираме да го распишеме и јавниот повик за финалната трета фаза. Многу брзо очекуваме да избереме авиокомпании кои ќе понудат нови дестинации за нашите граѓани.“ – истакна министерот Бочварски.

На панел дискусијата покрај министерот Бочварски свои обраќања имаа и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, министерот за образование Јетон Шаќири, министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска, директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми и деканот на Градежниот факултет, професор д-р Горан Марковски.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Четири хороскопски знаци ги чека април за паметење: Доаѓаат успеси и голем напредок

Овој април ќе биде особено успешен и корисен за четирите знаци кои ќе доживеат голем напредок. Иднината не може да се предвиди, но ако им се верува на астролошките прогнози… Прочитај повеќе

Добриот план е половина работа: Ова ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да го направите пред да одите на одмор

Повеќето туристи кои не патуваат преку агенции, сместувањето го избираат преку специјализирани локации, што се води од критиките на другите гости. Но, тука често се јавува проблемот, особено ако критики… Прочитај повеќе

Дали ги користите двете раце или само палецот? Што кажува начинот на кој ги пишувате пораките за вашата ЛИЧНОСТ

Откријте каква личност сте. Сите ние поминуваме многу време и на социјалните мрежи и пишувајќи пораки. Во зависност од тоа како ги пишувате, можете да одредите какви сте како личност.… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе