Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Бајдевски: На порталот за е-услуги објавени се 917 услуги, од кои дигитално се завршуваат 227

„Порталот за е-услуги е доста важен бидејќи има над 88 илјади регистрирани граѓани. На порталот се објавени вкупно 917 услуги, а постојано се зголемува бројот на дигитални услуги, кои сега се 22“ изјави заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски на годишната конференција „Година на нови можности“.

Тој додаде дека од тие 227 услуги, 88 може да се аплицираат директно преку порталот е-услуги, додека другите 139 се завршуваат преку веб-страниците на самите институции.

„Во МИОА континуирано работиме на обезбедување на модерна и ефикасна јавна администрација, базирана на дигитализацијата со цел обезебдување на квалитетни услуги за граѓаните и деловните субјекти“ рече Бајдевски.

Заменик-министерот рече дека цврсто се решени да ги користат предностите на технологијата во создавањето на информатичко општество и зголемување на ефикасноста и продуктивноста.

Можеби ќе ве интересира

Минималната плата мора да се зголеми во март, рече Трендафилов

C +

Петрушевски: Денешниот протест е измама, а не борба за работнички права

C +

Кузеска: Тројанскиот коњ Мицкоски

C +