Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

176 санкционирани возачи во Скопје: 46 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 176 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…

Сообраќајните контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

ДЕСК