4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Над 100 јавни објекти во главниот град се греат на нафта и мазут, велат од „Шанса за Центар”

За да им помогнат на институциите за согледување на сите страни на проблемот со загадувањето на воздухот, Шанса за Центар изработи мапа која го покажува уделот на јавните институции во редот на загадувачите. Воедно, велат дека се уверени дека проблемот со воздухот нема да се реши магично бидејќи тоа доаѓа од многу страни и се потребни многу пристапи.

Од Шанса за Центар велат дека мазутот е исклучително „валкан“ енергенс, но исто така не е за потценување ниту екстра лесното гориво кое содржи многу повеќе сулфур од дизелот. Велат дека токму на овој начин се уште функционираат над 100 јавни објекти а количините кои тие ја согоруваат е голема.

“На пример, ЈСП во своите автобази, Железници транспорт и Клиниката за физикална медицина и рехабилитација ќе согорат стотици илјади килограми мазут сезонава”, велат од Шанса за Центар.

Со нафтата за домаќинство пак која се гори во една сезона, велат, може да се наполни повеќе од олимписки базен. А тоа потоа граѓаните на Скопје го дишат. Според договорите за јавни набавки за една сезона во скопската котлина може да се изгорат над 2,7 милиони литри нафта за домаќинство. На нафта за домаќинство се огромен број на училишта, градинки и болници во целиот град. Дури и Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле користи нафта за домаќинство.

“Во скопската котлина една јавна установа – затворот Идризово, ќе изгори и 550 тони јаглен за загревање. Сето тоа заедно исто така придонесува за загадувањето на воздухот”, се вели во соопштението.

За да се промени начинот на греење кај домаќинствата е потребно повеќе време, напор, работа со граѓаните и пред сѐ прифатливи алтернативи за нив. Но за да се промени начинот на греење кај институциите е полесно. Потребна е главно политичка волја и одлучност да се пристапи кон решавање на проблемот и таму да се насочат сериозни пари од буџетот, заклучуваат од Шанса за Центар.