19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАИЗБОР

ЦИВИЛ: Македонските и бугарските политичари да се фокусираат кон европската иднина, а не да се враќаат во минатото

Популизмот и национализмот водат кон деструкција, а разговорот и дијалогот кон решенија. Воинствената реторика е одраз на слабост и не им оди во прилог, ниту на бугарското, ниту на македонското општество. Особено ако „аргумент“ е минатото, а не иднината на двете земји.

ЦИВИЛ најостро ги осудува говорот на омразата, делата од омраза и насилството кои произлегуваат од неспособноста или неподготвеноста да се води дијалог. Без оглед на „страната“ од која доаѓаат, деструктивните појави во општеството и на политичката сцена, без оглед на тоа дали се работи за политички, етнички или верски мотивирани инциденти – тие не може и не смее да се оправдаат и премолчат. Насилството и говорот на омразата никогаш, под никакви услови, не се соодветен одговор за ништо!

ЦИВИЛ повикува на разум, смиреност и дијалог со ладни глави, политичарите и сите општествени и политички чинители и во Бугарија и во Северна Македонија – да се фокусираат кон европската иднина, а не да се враќаат во минатото. Мора, и во безизлезни ситуации, да се најдат сили за разговор. А ситуацијата е далеку од безизлезна.

Ова, особено затоа што Бугарија е членка на ЕУ и со своето долгогодишно блокирање на македонската држава, негаторскиот однос кон македонскиот јазик и идентитет, и говорот на омразата од одделни високи политички претставници, го нарушува угледот и на сопствената земја, и на Унијата. Но одговорот на ваквото однесување, мора секогаш да биде смирен, аргументиран и конструктивен.

Популизмот и национализмот водат кон деструкција, а разговорот и дијалогот кон решенија.

Воинствената реторика е одраз на слабост и не им оди во прилог, ниту на бугарското, ниту на македонското општество. Особено ако „аргумент“ е минатото, а не иднината на двете земји.

Мора да се покаже широчина и лидерство, дури и под дожд од провокации што доаѓаат од „другата страна“. На жешки прашања, кои може да предизвикаат тензии, одговорни политичари не додаваат оган, туку разговараат. Опасно е за сензитивни прашања да се ловат политички поени и да се гради рејтинг.

ЦИВИЛ најостро го осудува секој акт на насилство, а особено актите кои произлегуваат од омраза кон неистомислениците или кон припадниците на различни заедници. Говорот на омраза и делата од омраза се меѓусебно поврзани, и претставуваат закана за човековите права и слободи, но и за развојот, безбедноста и стабилноста на едно демократско општество.

Имајќи предвид дека во двете земји се засилува говорот на омраза, ширењето и поттикнувањето на таквиот говор има посебна тежина, затоа што води кон злосторства од омраза, односно кон распламтување на националистичките страсти. Особено е опасно кога таквиот говор го применуваат политичари, интелектуалци, новинари и други личности со поголемо општествено влијание.

Тоа мора да престане! ЦИВИЛ повикува: ДАЈТЕ Ѝ ШАНСА НА ИДНИНАТА!

Спонзорирано: