Centar.mk
вестИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Претрес во скопско, пронајдени оружје и муниција, приведено едно лице

Полицијата вчера го приведе И.Б.(57) од селото Копаница, Скопско. Имено, по претходно добиена судска наредба за претрес од страна на Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, полициските службеници извршиле претрес во домот на И.Б., при што пронашле еден пиштол „Стаер“ со две соодветни рамки и 61 куршуми калибар 9 мм. Од спроведената истрага утврдено е дека пиштолот потекнува од кражба извршена на 20.01.2023 во домот на М.Б. во Струмица од страна на нејзиниот роднина П.И.(25) од Струмица, кој на 23.01.2023 е лишен од слобода поради нејзино убиство и веќе издржува мерка притвор од 30 дена.

Воедно, во координација со Управата за извршување на санкции вчера во вечерните часови извршен е претрес и во КПУ Идризово каде се пронајдени дополнителни докази во врска со извршеното кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Од страна на СВР Скопје по комплетно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик до надлежното ОЈО Скопје, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК